![background image](/i/zanussi/12592/zanussi-zgs645tx/h/zanussi-zgs645tx-039.png)
повреди или да се спречи оштета на
имотот.
• Користете само садови за готвење со
дијаметар кој одговара на димензиите
на пламениците. Постои ризик од
прегревање и пукање на стаклената
површина (ако е применливо).
• Не користете тенџере со помал
дијаметар од димензијата на
пламеникот - пламените ќе ја загреат
рачката на тенџерето.
• Садовите не смеат да навлезат во
контролната зона.
• Не користете нестабилни садови за
готвење за да спречите нивно
навалување и несреќа.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства, и/или предмети што може да
се стопат (од пластика или алуминиум)
и/или ткаенини во, блиску до или на
апаратот. Постои ризик од експлозија
или пожар.
• Користете го само дополнителниот
прибор испорачан заедно со апаратот.
• Внимавајте кога го приклучувате
апаратот на блиските штекери. Не
дозволувајте каблите да дојдат во допир
со апаратот или жешките садови за
готвење. Не дозволувајте каблите да се
заплеткаат.
Монтажа
• Мора да ги прочитате овие упатства.
Производителот не е одговорен за
каква било повреда на луѓе и
миленичиња или за материјална
штета поради непочитување на овие
барања.
• За да ги спречите ризиците од
структурно оштетување или физичка
повреда, монтажата, поврзувањето
на апаратот на напојувањето со
струја или на системот за гас,
поставувањето и одржувањето смее
да го извршува само квалификуван
персонал во согласност со
стандардите и локалните законски
прописи.
• Уверете се дека апаратот не е оштетен
при транспорт. Никогаш не поврзувајте
оштетен апарат. По потреба,
разговарајте со испорачувачот.
• Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини кои
ги исполнуваат стандардите.
• Не монтирајте ја површината за готвење
на гас над апарати за домаќинство, ако
упатствата за монтажа не го
дозволуваат тоа.
• Монтирајте го апаратот само на рамна
работна површина.
• Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот. Постои
опасност од повреда и оштетување на
апаратот.
• Придржувајте се кон законите,
прописите, директивите и нормите кои
важат во земјата на употреба на
апаратот (безбедносни одредби,
одредби за рециклирање, правила за
електрична безбедност итн.).
• Одржувајте минимално растојание од
другите апарати и уреди.
• Монтирајте заштита од струен удар, на
пример, монтирајте ги фиоките само ако
директно под апаратот има заштитна
плоча.
• Спречете оштетување на пресечените
површини на работната површина од
влага со соодветен дихтунг.
• Спојте го апаратот со работната плоча
без процепи и со соодветен дихтунг.
• Спречете оштетување на долната
страна од апаратот од пареа и влага, на
пр. од машина за миење садови или
рерна.
• Не монтирајте го апаратот во близина
на врати и под прозорци. Ненадејното
отворање на вратите или прозорците
може да ги преврти жешките садови од
површината.
39