![background image](/i/zanussi/12592/zanussi-zgs645tx/h/zanussi-zgs645tx-041.png)
Приклучување на гас
Одберете фиксни приклучоци или
користете флексибилно црево обвиткано
со челик што не 'рѓосува, во согласност со
важечките прописи. Ако користите
флексибилни метални црева, внимавајте
да ги допираат подвижните делови и да не
се стиснати. Бидете внимателни и кога
површината за готвење е споена со рерна.
ВАЖНО Уверете се дека притисокот на
напојувањето на уредот со гас е во
согласност со препорачаните вредности.
Спојката што може да се конвертира се
прицврстува на широката рампа со помош
на навртка со навој G 1/2". Зашрафете ги
деловите без премногу сила,
приспособете го поврзувањето во
саканата насока и стегнете ги сите делови.
1
2
2
3
4
1
Крај на вратилото со навртка
2
Дихтунг (дополнителниот дихтунг е
само за Словенија и Турција)
3
Колено
4
Гумен држач за цевка за течен гас
(само за Словенија и Турција)
Поврзување со флексибилни
неметални цевки
Ако можете лесно да го контролирате
поврзувањето во целото подрачје, можете
да користите флексибилна цевка.
Поприцврстете ја флексибилната цевка со
стеги.
Течен гас: употребете го гумениот држач
за цевка. Секогаш ставајте го дихтунгот.
Потоа поврзете го гасот. Флексибилната
цевка е погодна за користење кога:
– никаде не доаѓа во допир со
температура поголема собната,
повисока од 30°C;
– не е подолго од 1.500 mm;
– нема затнувања;
– не е изложено на истегнување или
усукување;
– не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
– може лесно да се прегледа за да се
утврди состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилното црево се состои во
проверка на следниве работи:
– да не е напукнато, расечено или
подгорено, како на краевите така и по
целата должина;
– материјалот да не е стврднат, туку да е
соодветно еластичен;
– стегите да не се 'рѓосани;
– да не е поминат рокот на траење.
Ако забележите еден или повеќе дефекти,
не поправајте го цревото, туку заменете
го.
ВАЖНО Кога ќе завршите со
инсталацијата, уверете се дека дихтунгот
на секоја спојка на цевката е во ред.
Употребете сапуница, а не пламен!
Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капите и круните од
пламениците.
3. Одвртете ги дизните со клуч бр.7 и
заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете
ја табелата во поглавјето Технички
податоци).
4. Составете ги деловите, следејќи ја
истата постапка по обратен редослед.
41