![background image](/i/aeg/12674/aeg-hc451220eb/h/aeg-hc451220eb-004.png)
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите
уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа.
Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или
продавате. Сите лица, кои го користат уредот, мора целосно да бидат запознаени со
неговата работа и неговите безбедносни опции.
Општа безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Лица (и деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности или недостиг на
искуство и знаење не смеат да го користат апаратот. Нивното ракување со апаратот
мора да го надзира или упатува лице одговорно за нивната безбедност.
Безбедност на децата
• Само возрасни може да го користат апаратот. Децата мора да се надзираат за да
не си играат со апаратот.
• Чувајте ја сета амбалажа далеку од децата. Постои опасност од задушување.
• Држете ги децата подалеку од апаратот кога е вклучен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Активирајте го уредот за детска безбедност за да спречите случајно активирање на
апаратот од страна на мали деца и галеничиња.
Безбедност за време на работењето
• Отстранете ги сета амбалажа, етикети и слоеви од апаратот пред првата употреба.
• Исклучувајте ги ринглите по секоја употреба.
• Опасност од изгореници! Не ставајте метални предмети, на пр. капаци на садови за
готвење и тави, на површината за готвење, бидејќи може да се вжештат.
• Корисниците со вградени пејсмејкери мора да го држат горниот дел од телото на
најмалку 30 cm од индукциските рингли кога се вклучени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар! Прегреаните масти и масла многу брзо се запалуваат.
Правилно ракување
• Постојано надзирајте го апаратот додека работи.
• Користете го апаратот само за домашно готвење!
• Не користете го апаратот како работна површина или површина за оставање
предмети.
• Не ставајте и не чувајте многу запаливи течности и материјали или растопливи
предмети (од пластика или алуминиум) на или близу до апаратот.
• Внимавајте кога го приклучувате апаратот на блиските приклучници. Не
дозволувајте електричните кабли да ги допираат апаратот или жешките садови. Не
дозволувајте електричните кабли да се заплеткаат.
4
Безбедносни информации