![background image](/i/aeg/12674/aeg-hc451220eb/h/aeg-hc451220eb-005.png)
Како да спречите оштетување на апаратот
• Ако на стакло-керамиката падне предмет или сад за готвење, површината може да
се оштети.
• Садовите за готвење од лиено железо, лиен алуминиум или садови со оштетено
дно може да ја изгребат стакло-керамичката површина ако се движат преку неа.
• Не оставајте садовите за готвење да извријат до сушење за да не се оштетат
садовите и стакло-керамиката.
• Не користете ги ринглите со празни садови или без нив.
• Не покривајте ги деловите на апаратот со алуминиумска фолија.
• Не покривајте го просторот за проветрување од 5 мм меѓу работната површина и
предниот дел на апаратот под неа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако на површината има пукнатина, извлечете го кабелот од струја за да
спречите струен удар.
УПАТСТВА ЗА МОНТИРАЊЕ
Пред инсталацијата, забележете го серискиот број (Ser. Nr.) од плочката со
спецификации.Плочката со спецификации на апаратот е на неговото долно
куќиште.
PNC: 941 560 805/00
220-240V ~50/60Hz
3,7 kW/Leistung ind. 3,7 kW
Typ: 55FED01AU
Serie:
HC451220EB
Made in Switzerland
Упатства за монтирање
5