![background image](/i/aeg/12674/aeg-hc451220eb/h/aeg-hc451220eb-008.png)
• Затворете ја празнината помеѓу работната површина и стакло-керамиката со
силикон.
• Намачкајте го силиконот со малку сапуница.
• Отстранете го вишокот силикон со стругалка.
Инсталација на повеќе од еден апарат
Додадени делови:прачки за поврзување, силикон отпорен на висока температура,
гумен обликувач, ремен за заптивање.
Користете само специјален силикон отпорен на висока температура.
Исечок на работната површина
Растојание од ѕидот: минимум 50 мм
Длабочина: 490 мм
Широчина: соберете ги широчините на сите апарати што треба да се вградат и
одземете 20 мм (видете и во „Преглед на широчините на апаратот“)
Пример:
580 mm
520 mm
490 mm
360 mm
+
-
=
20 mm
920 mm
Инсталација на повеќе од еден апарат
1. Поставете ги димензиите за отворот на работната површина и исечете го.
2. Ставете ги апаратите еден по еден на некаква мека површина, на пример ќебе,
превртени нагоре.
3. Ставете ја заптивната лента околу долниот раб на апаратот преку надворешниот
раб на стакло-керамиката.
4. Прицврстете ги плочките за прицврстување лабаво во соодветните дупки во
заштитното куќиште.
5. Ставете го првиот апарат во отворот во работната површина. Поставете ја
прачката за поврзување во отворот во работната површина и турнете до
половина широчина кон апаратот.
6. Лабаво зацврстете ги плочките за прицврстување од долу на работната
површина и на прачките за поврзување.
8
Упатства за монтирање